Имено, научниците тврдат дека скенирањето на очното јаболко, кое е брз и безболен процес, може да го покаже ризикот од рана смрт.
Loading...
На пример, ако алгоритмот предвидува дека мрежницата на човекот (внатрешниот слој на очното јаболко) е една година постара од неговата возраст, ризикот од прерана смрт се зголемува за два отсто во следните 11 години, пишува Новости.
Исто така, ризикот од смрт од причини кои не вклучуваат кардиоваскуларни болести или рак се зголемува за три проценти. Бидејќи овие наоди сè уште се засноваат на набљудување, не е јасно што ја поттикнува оваа врска. Но, резултатите го поддржуваат тврдењето дека мрежницата е подложна на оштетување за време на стареењето.