Ве интересира како се зодал тој пивски стомак? Произведувачите на пиво од Германија се тука да помогнат во одговорот на тоа прашање.
Германските пивари тврдат дека од оваа година ќе започнат да додаваат информации на своите ознаки, информирајќи точко колку калории внесувате со секое шише пиво.
Иако Европскат акомисија се закани дека ќе бара такво обележување, Германската федерација на пивари и Приватни пивари на Германија соошѓтија дека тоа го прават самоиницијативно. Новите налепници се очекуваат во текот на оваа година.
Досега, според законите на Еу, не е барано од алкохолните пијалаци да имаат испишани нутритивни податоци на етикетата.
Меѓутоа истражувањето кое го спровела агенцијата INSA, покажало дека 52 отсто од германските потрошувачи ги поздравуваат таквите информации.
Пиварите велат дека се надеваат оти винарите и останатите произведувачи ан жестоки пијалаци ќе го следат нивниот пример.
Стандарден „Пилснер“ содржи од 40 калории на 100 милијарди литри пиво.