Колку е просечната плата во Хрватска?

Сподели со своите пријатели

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во правните лица во градот Загреб за мај изнесува 8.863 куни или 1.179 евра.

Loading...

Тоа е зголемување за 7,4 отсто во однос на мај 2021 година, покажуваат податоците на Одделението за статистика на Градскиот завод за стратешко планирање и развој на Градот Загреб.

Споредено со просечната месечна плата за мај во Хрватска, која изнесува 7.690 куни (1.023 евра), просечната исплатена нето плата во Загреб за истиот месец е повисока за 1.173 куни (156 евра).

Според податоците на Одделението за статистика на Градскиот завод за стратешко планирање и развој на градот, највисока просечна месечна нето плата кај правните лица за мај е исплатена во дејноста вадење сурова нафта и природен гас, во износ од 15.851 куни (2.109 евра).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија имала над 36,8 милиони туристи во 2024 година

Наспроти ова, најниска плата е исплатена во производството на кожа и сродни производи, во износ од 4.883 куни (649 евра).

Просечната месечна бруто-плата по вработен во правните лица во градот Загреб за мај 2022 година изнесува 12.373 куни (1.646 евра), што е зголемување за 8,2 отсто во однос на мај 2021 година.