Она што пилотите не го знаеле е дека горивото течело цело време на патот од Торонто до Лисабон. Кога откажал првиот мотор, донесена е одлука авионот принудно да слета на Аорските острови.
Недолго потоа откажал и вториот мотор, па екипажот, кој зад себе имал повеќе од 20.000 часови летачко искуство, продолжил да лета уште 120 километри во небото. Авионот успешно бил приземјен, а инцидентот влегол во историјат акако најдолг авионски лет без помош на мотор, пишува британски Телеграф.
Приказната за летот на компанијата Ер Трансат е потсетник дека дури и ако сите мотори откажат и натмау постојат големи шанси патниците безбедно да слетаат на земјата.
Пилотот Патрик Смит во својата книга „Cockpit Confidential“ објаснува дека, без погон на моторот, висината на летот на авиниот на секои 16 километри далечина опаѓа за околу 1,6 километри.
Тоа значи дека патнички авион, кој во просек лета на 10 километри надморска височина, може да едри уште околу 100 километри пред да допре до дното. Сепак брзината и аголот на понирање не секогаш се исти.