Колкава е разликата меѓу воената моќ на Русија и Украина? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со оглед на тоа што Русија започна инвазија на соседна Украина, едно од клучните прашања што во моментов е актуелно е колкава е навистина компаративната воена моќ меѓу двете земји.

Loading...

Не треба да се биде премногу упатен во актуелните настани за да се заклучи дека Русија е воено супериорна, но еве ги бројките.

Русија има поголема воена огнена моќ од Украина на сите полиња, вклучувајќи ги копнените, воздушните и поморските сили.

Руската војска има 900.000 активни воени лица, наспроти 196.600 украински активни војници. Ова ја одразува пошироката воена доминација што произлегува од одбранбениот буџет на Русија, кој далеку го надминува оној на Украина.

Нерамнотежата меѓу армиите на двете земји е најголема на море, при што Русија има 10 пати повеќе поморски персонал. Руската морнарица има 74 воени бродови и 51 подморница, во споредба со само два украински воени брода.

На копно, рамнотежата е поблиску. Руската армија се состои од 280.000 војници наспроти украинската 125.600.

Украина има и 900.000 резервни воени лица или оние кои поминале воена обука во последните пет години, во споредба со два милиони руски резервен воен персонал.

Иако овие соодноси се околу 2,2:1 во корист на Русија, Русите се многу подобро позиционирани кога станува збор за воената опрема.

Loading...

Имаат повеќе од три пати повеќе артилерија, шест пати повеќе тенкови и речиси седум пати повеќе оклопни возила од Украинците.

Слична приказна има и во воздухопловните сили: Русија има 10 пати повеќе јуришни авиони и хеликоптери.

Украинците имаат над 400 противвоздушни ракетни системи кои би можеле да гаѓаат авиони, но тоа е само една десетина од бројот на противвоздушни ракетни системи што ги има Русија.

Русија има силна предност и со оружје со долг дострел, поседувајќи над 500 балистички ракетни системи на копно.

Некои аналитичари мислат дека рускиот напад би можел да се потпре на оружје со долг дострел, како што се крстосувачките ракети, за да гаѓаат клучни украински места од далечина.

Во последниве недели, земјите од НАТО и снабдуваат на Украина дополнителна „смртоносна помош“, како што е британското снабдување на украинската армија со 2.000 противтенковски оружја. Сепак, иако ваквите пратки се дизајнирани да ја поскапат секоја руска инвазија, малкумина експерти веруваат дека ова оружје ќе го промени непосредниот исход од рускиот напад.

 

https://youtu.be/ivNqIe1z9AI

Loading...