Новинарски и медиумски здруженија денеска пред Основниот суд Скопје 1 на мирен триесетминутен протест побараа нивниот колега Зоран Божиновски да биде ослободен и да престане хајката против новинарите критичари во државата.
Loading...
Новинарите побараа Божиновски, исто како и политичарите да биде се брани од слобода и да му биде овозможено фер судење, а предметот да биде предаден во рацете н Специјалното јавно обвинителство.
Насер Селмани од Здружението на новинари на Македонија истакна дека доколку судот дозволува поранешни функционери, осомничени за сериозно нарушување на демократијата да се бранат од слобода, тогаш тоа може да важи и за новинарот Божиновски.
Ги потсетуваме судиите во Македонија дека нашата земја е втора во Европа каде има нвоианр во затвор, прво Кежаровски, сега Божиновски и гласно прашуваме кој ќе биде следниот. во земја каде новинарите се затвараат се нарушува слободата на говорот и медиумите. Таквите постапки имаат за цел да ги застрашуваат новинарите – рече Селмани.
Loading...
Во 2013 година Божиновски исто така беше гонет од македонските власти но поради неговата недостапност на органите на прогонот истрагата беше прекината и продолжи по неговата екстрадиција од Србија на 21 април.
На протестот присуствуваа и семејството на Божиновски, како и новинари од Куманово кои дадоа поддршка за својот колега.