Коледарите пееја и собираа средства за болното дете од Кратово (видео)

Сподели со своите пријатели

Над триесетина дечиња денес го посетија кабинетот на Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски во рамки на иницијативата за прославата на големиот христијански празник Божик.

Божикната литија инаку е поддржана и благословена од Кумановско – осоговската епархија со тендеција, литијата да стане традиционална во Куманово, вели градоначалникот.

Малите коледарчиња утринава со песна, првпат на иницијатива на Бадниковата литија, влегоа во големата сала на општината, и така го означија почетокот на прославата на православниот верски празник.

  • Првпат на иницијатива на Бадниковата поворка, малите коледарчиња со божикни песни ја посетија локалната самоуправа на Куманово, и така го означија почетокот на прославата на големиот христијански празник, Божик, вели градоначалникот Дамјановски.

Децата тргнаа од големиот храм Свети Никола, по што застанавме кај градоначалникот, а потоа ќе продолжиме по улиците на градот, и во неколку куќи, вели едно од дечињата коледарчиња.

Коледарите денес планирале да остварат посета и во Старо Нагорчине, но поради големиот снег, посетата е одложена. Нивната поворка, како што велат дечињата коледари ќе стане традиционална.

Средствата собрани денес ќе бидат донирани на болно дете од Кратово, вели едно од коледарчињата.