Коледарите ги набраа бадниковите гранчиња. Се е подготвено за прослава на Бадник (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Членовите на здружението „Коледари“ од Куманово викендов ги набраа бадниковите гранчиња во атарот на селото Пчиња.

 

 

По 26ти пад се одржува оваа манифестација во пресрет на одбележување на најголемиот христијански празник Бадник.

– Традиционално по 26ти пат се организираше берење на бадникови гранчиња, овој пат во атарот на селото Пчиња. Гранчињата беа осветени во црвката „Свети Спас“ во селото каде беа присутни голем број на граѓани поддржани од месното население. Во празнично расположение во просториите на црквата беше послужен и традиционален коледарски грав, изјави Мирослав Доневски од здружението „Коледари“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со остар предмет се заканувал на својот сосед

 

 

Тој ги повика сите граѓани на Куманово на одбележување на Бадник на 6ти јануари. Чествувањето ќе започне во 11 часот кај Соборниот храм „Свети Никола“, а централната прослава ќе биде еден час подоцна пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

 

 

– Ќе поделиме осветени бадникови гранчиња, овошје, чај и топла ракија, преку кои ќе го навестиме големиот празник, Христовото раѓање – Божиќ, додаде Доневски.

 

 

 

 

Никола Ивановски