Здружението на граѓани Коледари од Куманово утре традиционално ќе организира голема прослава на Бадник во центарот на градот.
Како што информираат од здружението, целта е да се зачуваат традиционалните обичаи на православниот народ.
– На 6ти јануари ќе организираме народен собир со програма и музика, а ќе поделиме бадникови гранчиња, чај, овошје и секако греена ракија. Ајде сите заедно да излеземе и да го одбележиме Христовото раѓање, стои во повикот на здружението Коледари.
Програмата започнува во 10 часот во Касапски круг, еден час подоцна граѓаните ќе се упатат кон Соборниот храм „Свети Никола“, каде ќе се одржи литургија.
Точно на пладне ќе започне прославата на малиот плоштад пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Никола Ивановски

