Колажи на Валентина Илијевска ќе бидат изложени во Куманово

Сподели со своите пријатели

Колажите на авторката Валентина Илијевска под насловот „Малото девојче во светот со големи очекувања за човекот“ од четврток ќе бидат изложени во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, а отварањето е со почеток во 20 часот.

Вкупно 25 дела на Илијевска која е магистер по конзервација и рестарвација на ѕидно сликарство ќе бидат презентирани пред кумановската јавност.

Изложбата е одраз на секојдневните случувања и нашите опкружувања. За падот на империјата со која раководат рациото и емоцијата. Помалку критикувани, а повеќе вреднувани со ликовниот јазик. Комбинираната техника во делата е симбиоза на сликарските техники, како пандан на затечената состојба на современиот човек.

Инаку Илијевска е роден во Скопје, но живее и твори во Куманово, а нејзините дела ќе бидат изложени 14 дена во Центарот за култура.