На Граничниот премин „Табановце“ вчеравечер околу 22:30 часот полициски и царински службеници извршиле преглед на патници и автобус „Мерцедес“, сопственост на правно лице од Струга, при што пронашле и одзеле околу 79 грама кокаин и околу 350 грама хероин.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, од слобода биле лишени патниците Ф.Г.(42) од Република Албанија, Д.М.(21) од Босна и Херцерговина и Д.П.(42) од Република Србија.
Тие биле предадени во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување наслучајот.

