Нафтената криза секој ден е се полоша, па веќе се разгледуваат бројни опции за решавање на овој голем проблем.
Поради неискористените капацитети на земјите од Заливот, тие се единствените кои имаат можност да го надоместат недостигот од нафта произведена во Русија.
Кличко: Осум лица загинаа, тројца во критична состојба по руското ракетирање на Киев
Во последниве денови, западните влади побараа од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати да произведат повеќе нафта со цел да ја прекинат нивната зависност од испораките од Русија.
Државната нафтена компанија на Саудиска Арабија соопшти дека ќе ги зголеми инвестициите во производството на нафта за да одговори на растечката глобална побарувачка.
Саудиска Арамко, најголемиот светски извозник на нафта, очекува дека побарувачката за нафта ќе продолжи да расте, поради што се интензивираат инвестициите и капиталните расходи.
Тие ќе пораснат меѓу 40 и 50 милијарди долари во 2022 година, а дополнителни зголемувања се очекуваат до средината на деценијата. Капиталните расходи на државната нафтена компанија биле нешто под 32 милијарди долари во 2021 година, пишува магазинот ХАК.
Во случај на зголемување на производството, цените би можеле да останат нормални.
Да потсетиме, во Европа и светот се воведуваат бројни мерки и повици возачите да возат помалку, па дури, како во Белгија, да се ослободат од својот автомобил, се со цел да се намали зависноста од руската нафта.