Која е жената од сликата која 109 години била забранета за изложување?

Сподели со своите пријатели

Познатата слика на Гистав Курбе „Потеклото на светот“ се смета за едно од најпровокативните дела во историјата на уметноста поради експлицитно претставените женски гениталии. Доволно зборува фактот што оваа дело од 1866. година за прв пат во јавноста е изложено во 1995.

Идентитетот на моделот, чие лице не се гледа на сликата, бил мистерија, а сега францускиот книжевен експерт Клод Шоп верува дека ја решил таа загонетка.

Проучувајќи ја кореспонденцијата помеѓу книжевничката Жорж Санд и синот Александар Дима, Шоп заклучил дека на Курбе му позирала танчерката Констанс Кенио, која работела во париската опера до 1859. година, а на 34 години била љубовница на турско-египетскиот дипломат Халили Шериф Паша. Подоцна, како што се наведува, стекнала богатство кое го поделила во хуманитарни цели.

 

 

Сликата „Потеклото на светот“ е од Курбе, а ја нарачал дипломатот Калил Беј, кој делото го чувал во својата гардероба зад зелената завеса и ја откривал само на избрани гости.

Кога Констанс починала во 1908. година зад себе ја оставила сликата на Курбе на која е насликан букет пролетно цвеќе, како и црвени и бели камења. Со оглед дека камелиите по правило се поврзувале со куртизаните, се верува дека сликата била подарок на Курбе.

И денес „Потеклото на светот“ предизвикува контроверзии – Фејсбук изгаснал профил на еден француски учител кој ја објавил фотографијат аод оваа дело, по што тој во 2011. година ја тужел американската компанија.

Leave a Reply