Која е причината за ненадејниот пресврт на Трамп околу Гренланд и зошто Европа е загрижена?

Сподели со своите пријатели

Најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека е постигната „рамка за иден договор“ за Гренланд со НАТО смири дел од тензијата, но во исто време отвори голем број прашања и предизвика скептицизам кај сојузниците.

Неколку часа откако на Светскиот економски форум во Давос изјави дека нема да употреби сила за да го преземе Гренланд од Данска, Трамп изненади велејќи дека, по разговорите со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е постигната рамката за можен договор, објавува Index.hr.

Покрај тоа, тој ја повлече заканата за воведување нови тарифи за осум европски земји, со што се ублажи кризата што се закануваше да предизвика сериозно потресување во рамките на НАТО.

Сепак, остануваат нејаснотии.

Руте синоќа за АФП изјави дека состанокот бил многу добар, но исто така нагласи дека „сè уште има многу работа пред нас“.

Скептицизмот произлегува и од фактот дека НАТО нема мандат да преговара за суверенитет или сопственост врз територијата на една земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп во Давос се откажа од царините, откри што може да добие во Гренланд: „Тоа би било одлично!“

Самиот Трамп не прецизираше што точно е договорено, изјавувајќи за CNBC дека станува збор за „сложен“ договор што ќе биде објаснет подоцна.

Доколку тензиите околу Гренланд се смират, европските лидери би можеле да го свртат вниманието кон војната меѓу Русија и Украина, која се приближува кон својата петта година.

Руте вчера во Давос изјави дека Украина треба да биде „приоритет број еден“.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, доцна синоќа изјави дека прашањето дали Гренланд ќе остане под Данска не било дискутирано на состанокот со Доналд Трамп, откако американскиот претседател ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на воена сила за преземање на контролата врз Гренланд.

Руте ги даде своите коментари во интервју за „Специјалниот извештај со Брет Бајер“ на Фокс њуз по состанокот со Трамп на маргините на самитот во Давос.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп заработи милијарда и пол за само една година

Порано во текот на денот, Трамп нагло се повлече од заканите за воведување царини, ја исклучи употребата на сила и рече дека е на повидок договор за да се стави крај на спорот околу данската територија.

Стратешки интереси во Арктикот

По средбата со Руте, Трамп во средата изјави дека западните сојузници на Арктикот би можеле да постигнат нов договор за стратешки важната островска територија од 57.000, што би ја задоволило неговата желба да ја изгради Златната купола, систем за ракетна одбрана и пристап до критични минерали, а воедно би ги блокирало руските и кинеските амбиции во Арктикот.

Трамп претходно неколку пати изјави дека Вашингтон мора да го поседува Гренланд, автономен дел од Кралството Данска каде што се наоѓа американската воздухопловна база, за да ги спречи Русија или Кина да ја окупираат стратешки позиционираната територија богата со минерали.

„Сè уште има многу работа да се направи“

Руте беше прашан дали Гренланд сè уште ќе биде „под Кралството Данска во овој рамковен договор“ што го спомена Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вашингтон и Москва се на чекор од договор за Украина

„Тоа прашање повеќе не беше споменато во моите разговори со претседателот вечерва“, одговори Руте.

„Тој (Трамп) е многу фокусиран на она што треба да го направиме за да се осигураме дека можеме да го заштитиме тој огромен арктички регион, кој се менува токму сега, каде што Кинезите и Русите се сè поактивни“.

Сепак, „сè уште има многу работа што треба да се направи“ за да се постигне договор за Гренланд, изјави шефот на НАТО за АФП по состанокот.

„Средбата вечерва беше многу добра. Но, сè уште има многу работа што треба да се направи“, рече Руте.

Порано во текот на денот, Доналд Трамп тврдеше дека двајцата лидери развиле „рамка за иден договор за Гренланд“.

Данска и САД се членки на НАТО. Многу експерти ја оценуваат надворешнополитичката агенда на Трамп како империјалистичка.