Витаминот Ц денес се применува на големо, а неговата основна улога е спречување на појава на скорбут кој настанува како последица на недостатокот на овој витамин во организмот. Дневната потреба од витаминот Ц кај возрасен човек е околу 100 милиграма.
Мислењата за земањето на витаминот Ц како превентива од вирози и зајакнување на имунитетот обично се многу контрадикторни. И покрај тоа, се употребува за заштита од болести и во состојба на зголемена потреба од витамини како кај бременост, доење, постари години, заздравување, зголемен телесен напор и слично. За превенција можете да користите од 50 до 200 милиграми, а во тераписки цели од 400 до 1.000 милиграми витамин Ц.
Интеракциите со храната не се познати. Меѓутоа, долготрајното земање на високи дози може да ги оштети бубрезите. Добро е познати дека големите дози на природен витамин Ц ги има во зелката, лимонот и компирот, а мали количини и во млекото.
Таблетите со витамин Ц се препорачува да се земаат независно од оброкот, но со многу течности.