Кој во Чешка јавно ја поддржува РУСКАТА ИНВАЗИЈА може да биде осуден на ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР

Сподели со своите пријатели

Лицата кои јавно ја поддржуваат Русија во конфликтот во Украина би можеле да бидат осудени на три години затвор, тврдат чешките власти, пишува Еурактив.

Loading...

Стриж нагласи дека според чешкиот закон, поддршката за злосторства против човештвото или геноцид се казнува со затвор до три години.

Стриж нагласи дека според чешкиот закон, поддршката за злосторства против човештвото или геноцид се казнува со затвор до три години. Сепак, признава тој, правната оценка на ваквите дела е многу комплицирана.

– Секој има право да ги изрази своите ставови на начин на кој тој или таа смета дека е соодветен. Но, дури и слободата на изразување има свои граници во демократска држава во која владее правото, предупреди Стриж.

Чешките полицајци веќе ги следат потенцијалните прекршувања на јавните собири и на социјалните мрежи.

– Регистрираме десетици поплаки за коментари во интернет дискусиите со кои се одобрува руската инвазија и активностите на руската армија – потврди чешката полиција.

Според чешките медиуми, полицијата веќе покренала истрага против Зденек Ондрачек, поранешен пратеник во чешкиот парламент од Чешката комунистичка партија.

Ондрачек јавно се восхитуваше на односот на рускиот претседател Владимир Путин кон Украина.

Loading...

– Му се восхитувам на Путин поради неговото трпение со украинската фашистичка толпа… Само свињите можат навистина да пукаат во училишта, градинки, болници и други чисто цивилни објекти – напиша поранешниот пратеник на својот Фејсбук на 18 февруари, само една недела пред рускиот напад на Украина.

Како одговор на медиумските извештаи за истрагата, Ондрачек ја избриша објавата и ја смени својата сметка од јавна во приватна. Сега само избрани луѓе можат да ја видат неговата активност на Фејсбук.