Жените летаат побрзо во прегратките на мажот, жените веднаш се вљубуваат за разлика од мажите, жените паѓаат веднаш штом ќе видат убав маж…
Можеби жените се оние кои го прават првиот чекор и признаваат дека се заљубени, но сега е научно докажано дека мажите се вљубуваат побрзо од жените .
Имено, истражувањето официјално докажа дека тврдењата дека жените веднаш се вубуваат всушност не се точни. Денес девојките се многу порелаксирани, постудени и покомпонирани од мажите, кои станаа понежни и пољубезни.
Едно истражување, во кое учествувале 172 студенти, открило дека мажите први изјавиле љубов.
– Мислам дека жените несвесно ја одложуваат својата љубов кон мажите – објасни авторката на ова истражување, Мариса Харисон.
Резултатите покажаа дека мажите се вљубуваат во рок од неколку недели, додека на жените им треба нешто повеќе за тоа. Научниците го наведуваат сексот како можна причина, што мажите честопати го поистоветуваат со љубовта.
Можеби жените се перципираат како помалку рационални кога станува збор за љубовта затоа што имаат поголем капацитет да ги обработуваат емоционалните искуства.
Денес, мажите покажуваат повеќе емоции од кога било, додека жените се затвораат во себе, заклучуваат истражувачите на оваа студија.