Кој од најголемите маркети во Македонија дава најголеми плати?

Сподели со своите пријатели
ПАРИ АНАЛИЗА | Касиери, продавачи, редачи на роба и магационери – се работните позиции кои газдите на трговските синџири постојано ги огласуваат. Според работодавачите тешко се наоѓа добар работник, а уште потешко се задржува. Но зошто е тоа така?Порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк ги стави „под лупа“ платите во најголемите трговски синџири кои се дел и од 100-те најголеми фирми по приход во Македонија. Податоците покажуваат дека компанијата која прави најголем приход, односно кај која најмногу пазарат граѓаните, а тоа е „Кам“,  најмногу ги плаќа своите вработени, а компанијата која прави најголема добивка, а тоа е „Верополус“ – дава најмали плати, судејќи според просекот исплатен во 2021 година.

Loading...

Плати во трговските синџири

(во денари)

КОМПАНИЈА ПРОСЕЧНА ПЛАТА 2021 ПРОСЕЧНА ПЛАТА 2020 РАСТ 2021/2020
Кам 26.167,72 24.714,19 6%
Стокомак 22.885,28 21.526,32 6%
Тинекс 22.471,45 21.536,65 4%
Рамстор 22.293.63 23.824,56 -6%
Жито 22.053,05 20.848,26 6%
Кит-го 20.947,14 20.833,83 1%
Киппер 20.362,75 18.617,69 9%
Верополус 19.978,80 17.846,64 12%

Извор: БизниМрежа.Мк

Во „Кам“ минатата година просечната плата била 26.167 денари е тоа е скок од 6 проценти во однос на просекот од 2020 година. „Кам“ деновиве се пофали и дека веќе почнува исплата на регрес за вработени од 33.000 денари, како и дека во април реализирал зголемување на платите на вработените во маркетите за 15%, а во логистиката и транспортот за 13%. „ Со ова, само во првиот семестар од годината нето платите на вработените во маркетите просечно се зголемја за 4.000 денари“.

Кам минатата година ја завршил со добивка од 5 милиони евра.

​(во евра)

Компанија Приход Добивка Вработени
Кам 187.500.000 5.000.000 1.122

Извор: БизниМрежа.Мк

Шест проценти раст во однос на 2021 година, имале и вработените во „Стокомак“ и минатата година нивната просечна плата била 22.825 денари. Лани, 563 работници учествувале во креирање на добивката од 3,6 милиони евра.

Loading...

(во евра)

Компанија Приход Добивка Вработени
Стокомак 94.500.000 3.600.000 563

Извор: БизниМрежа.Мк

Зад „Стокомак“ по просечна плата е „Тинекс“. Овој познат трговски синџир имал поголем промет од „Стокомак“, но помала добивка и помала просечна плата. Просечната плата на вработените се зголемила за 4 проценти и лани била 22.471 денар.

(во евра)

Компанија Приход Добивка Вработени
Тинекс 102.700.000 2.600.000 1.480

Извор: БизниМрежа.Мк

Многу слични како во „Тинекс“ се и платите во „Рамстор“. Но, ова е единствениот трговски синџир кој евидентирал намалување на просечната плата во 2021 година во однос на 2020 година. Намалувањето е 6 проценти,со што ланскиот просек на платите бил 22.293 денари. „Рамстор“ минатата година имал добивка од 1,4 милиони евра, и таа е значително поголема отколку во 2020 година кога добивката била 300.000 евра, но сепак податокот за просечната исплатена нето плата покажува нејзино намалување.

(во евра)

Компанија Приход Добивка Вработени
Рамстор 53.400.000 1.400.000 728

Извор: БизниМрежа.Мк

Loading...

„Жито“ лани имал добивка од 1.150.000 евра благодарение на релизиран приход од 58,4 милиони денари создаден од 891 вработен. „Жито“ му избегал на „Рамстор“ по приходите, но не и по добивката, па малку заостанува и зад просечната плата и лани исплатиле просечна плата од 22.053 денари.

(во евра)

Компанија Приход Добивка Вработени
Жито 58.400.000 1.150.000 891

Извор: БизниМрежа.Мк

„Кит-го“ има поголема добивка и од „Жито“ и од „Рамстор“ но трговската фирма поделила помала просечната плата и таа во текот на минатата година изнесувала 20.362 денари.

(во евра)

Компанија Приход Добивка Вработени
Кит-го 67.500.000 2.200.000 783

Извор: БизниМрежа.Мк

„Кипер“ е трета компанија по приход и трета по добивка на листата на трговски синџири, според податоците за 2021 година, но во однос на просечната плата е на седмата позиција. Лани, во оваа компанија прсечната плата била 20.362 денари при раст на плати за 9 процети во однос на 2020 година.

(во евра)

Loading...
Компанија Приход Добивка Вработени
Киппер 99.300.000 4.790.000 748

Извор: БизниМрежа.Мк

Верополус“ е шампион по ланската добивка меѓу трговските фирми. Лани, со вкупен приход од 86,7 милиони евра, „Верополус“ направил добивка од 10,3 милиони евра. Но, токму во оваа компанија е и најниската просечна плата од 19.978 денари и покрај тоа што таму има највисок годишен раст на просечната плата во однос на сите други трговски синџири и тој раст изнесувал 12 проценти.

(во евра)

Компанија Приход Добивка Вработени
Верополус 86.700.000 4.790.000 979

Извор: БизниМрежа.Мк

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/kam-najgolemi-palti-marketi/