Два дена откако беснеат пожари на територијата на целата држава Регионалниот центар за управување со кризи Куманово не споделува информации со јавноста.
Дневниот билтен кој секое утро околу 7 или 8 часот пристигнуваше во медиумите, а содржи сублимирани информации од сите витални институции, меѓу кои и за пожарите, го нема веќе два дена.
Иако преку мејл и вчера и денес реагиравме да ни биде доставен, некој го чита мејлот и го игнорира.
Не сакаме да веруваме дека некој свесно и намерно им забранил на вработените во РЦУК Куманово да споделуваат вака важни информации со јавноста. Затоа јавно апелираме да продолжи претходната пракса, во интерес на прецизно информирање.
Во ситуација на прогласена кризна состојба, огромен број пожари, круцијално е јавноста да има брза, наврамена, но пред се точна информација. Со несоработката со медиумите на ваков начин само се остава простор за шпекулации кои можат да нанесат поголема штета.
Никола Ивановски