Според најновите американски прехрамбени насоки објавени од Министерството за земјоделство, на мажите им се препорачува да пијат најмногу два алкохолни пијалаци на ден, додека жените треба да бидат ограничени на еден.
Здравствените експерти изразија загриженост дека ова е премногу за мажите и дека може да биде предизвикувач за прекумерна потрошувачка на алкохол.
„И за жените и за мажите треба да важи правилото до еден пијалак на ден“, рекоа тие по објавувањето на упатствата, пренесува Eat This, Not That.
Без оглед на тоа, количината на алкохол што предизвикува зависност може да варира од личност до личност, вели др. Роберт Дојл, психијатар од Харвард.
Клиниката Мајо наведува дека знаци на алкохолизам можат да бидат слаб сон, недостаток на контрола, неисполнување на работните обврски, но и анксиозност, потење, треперење, гадење и многу повеќе.
„Ако при пиењето алкохол ги повторувате грешките и наидете на проблеми што го попречуваат вашето нормално функционирање, веројатно имате развиено нарушување поврзано со консумирање алкохол“, додаваат експертите.