Експертите од Светската здравствена организација (СЗО), кои го испитуваат потеклото на пандемијата, сугерираат дека јазовците и зајаците можеле да играат улога во пренесувањето на коронавирусот на луѓето на пазарот во кинескиот град Вухан.
Истражителите забележале дека е потребна понатамошна истрага за оние кои ги доставуваат овие и другите видови животни на пазарот во овој град. Тие сè уште не составиле целосен список на живи и неживи животни кои се нелегално продадени на пазарот.
Експертите инсистираат на тоа дека Кина спровела масовно тестирање на своите фарми со ласици откако било потврдено двонасочно пренесување на вирусот помеѓу луѓето и овие животни во Европа.
Тим експерти од СЗО минатата недела ја завршија четиринеделната посета на Кина, потсетува Спутник.
Тие објавија дека е малку веројатно вирусот да избегал од лабораторија, додека улогата на пазарот во Вухан сè уште е нејасна.
Истражителите се сомневаат дека вирусот пристигнал на пазарот со лилјаци и сугерираат дека имало некој индиректен домаќин.