Најголемата заблуда кога се во прашање хороскопските знаци е дека Близнаците се најманипулативните меѓу нив. Постои знак, кој поседува неверојатна вештина за прилагодување, преправање и манипулација, така да станува вистински општествен камелеон, кој се стопува со секоја нова прилика, во кое друштво и да се најде.
Водолиите се дефинитивно најголеми манипулатори на Зодијакот. Тие неверојатно брзо ги читаат луѓето, па точно знаат на кој начин за себе да ја придобијат секоја личност во друштвото. Ќе им треба само малку време да ве убедат дека се најдобра личност која некогаш сте ја стекнале и ви се вовлекуваат под кожа.
Кога ќе ве вовлечат во својата мрежа, ќе престанат да се трудат и тогаш полека ви покажуваат кои се всушност, но вам никогаш нема да ви дозволат целосно да ги запознаете.
Игрите ги забавуваат, а особено ужваат да ве држат на чекање. Некои денови ве обсипуваат со љубов, а потоа ве игнорираат и ве доведуваат до лудило.
Неретко вниманието им лета, па можат целосно да ве заборават, а тогаш тргнуваат во потрага по нова занимација, додека без размислување ќе ве остават со скршено срце.