Koj e најдобриот зеленчук за слабеење?

Сподели со своите пријатели

Постојат многу причини да се јаде лиснат зелен зеленчук. Помага во намалување на ризикот од срцеви заболувања и намалување на крвниот притисок и холестеролот, а придонесува и за здравјето на мозокот.

Loading...

Од кељ и зелка до блитва и зелена салата, има безброј опции доколку сакате да јадете лиснат зелен зеленчук, но има една која се издвојува меѓу другите кога станува збор за слабеење.

„Спанаќот е на врвот на мојата листа поради неколку причини. Тој е нискокалоричен, 100 грама содржи само 23 калории“, изјави диететичарката Џени Шампион за Eat This.

 

 

100 грама спанаќ содржи 3,6 грама јаглехидрати, а истражувањата постојано докажуваат дека намалувањето на внесот на јаглехидрати придонесува за слабеење.

На крајот, спанаќот е богат со растителни влакна, а не одржуваат сити.

Loading...

„Бидете внимателни бидејќи не е добро да се претера. Јадењето премногу зелен зеленчук може да ја наруши тироидната жлезда и да го отежне слабеењето. Покрај тоа, јадењето големи количини спанаќ може да доведе до развој на камења во бубрезите – особено ако сте склони до формирање на камења“, заклучи Шампион.

Една шолја спанаќ на ден е доволна за максимална корист.