Кој е Јети или снежниот човек и кога првпат бил споменат? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јети за прв пат се споменува пред 100 години

Loading...

За снежниот човек Јети за прв пат се слушнало пред повеќе од 100 години, кога Л.А. Водел на Хималаите,  наишол на отпечатоци од непознато и очигледно големо суштество. Мистеријата продолжува сите овие години…

Во октомври 2003 година конечно се појави доказ дека митскиот снежен човек најверојатно сè уште постоел – во далечното минато. Во вечниот мраз на Сибир, на планините Алтај, била пронајдена совршено зачувана нога покриена со крзно. Испитувањата покажале дека е стара неколку илјади години и дека припаѓа на непознато суштество од многу аспекти слична на човекот.

 

 

Научничката Лорен Колман е склона да мисли дека приказната за Јети ќе заврши тажно. Таа верува дека е сосема можно да исчезнеме пред да го откриеме, односно дека видот е веќе истребен и дека доказите за неговото постоење нема да се најдат.

Ова митско суштество, половина човек, половина мајмун, со децении ја разгорува фантазијата на авантуристи, особено на запад. Во декември минатата година, американска телевизиска екипа се врати од падините на Еверест, помеѓу Непал и Тибет, објавувајќи дека пронашле траги од Јети.

Loading...

Во извештаите на сите претходни очевидци, Јети е опишан како огромно, влакнесто суштество слично на мајмун, со црти на лицето близу на човекот, зад кои се шири непријатен мирис. Тој комуницира, наводно, со свирежи и невообичаени негодувања.

 

Leave a Reply