Кој е Горан Минчев? Новиот министер за јавна администрација!

Сподели со своите пријатели

Горан Минчев од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е нов министер за јавна администрација во кабинетот на Христијан Мицкоски.

Loading...

Горан Минчев е роден 1972 година во Скопје.

Тој е генерален секретар на Движење ЗНАМ за Наша Македонија.

Дипломиран Економист на  Универзитетот „Св. Климент Охридски”.

Тој е и оранешен Пратеник во Собранието на Р.М во период од 2008 до 2014.

Во своето работно порфоило има и дека работел како директор на Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија од 2003 до 2006, а бил и Заменик директор на ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје во 2002 и 2003 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  WikiOutdoor- собир на википедијанци од Централна и Источна Европа во Преспа

Во неговата биографија приложена со Собранието стои и дека од компјутерски вештини познава Windows enviroments, Microsoft Advanced Office Pro Sertificate, Internet Research, Email Operative System, Project, Visio. Македонскиот јазик е наведен како мајчин јазик, а од странските јазици познава англиски.

Од денеска ќе ја извршува функцијата министер за јавна администрација.

Loading...

Никола Ивановски