Кој дел од телото може да укаже на големината на машката „гордост“?

Сподели со своите пријатели

Рена Малик, хирург специјализиран за сексуално здравје, откри кој дел од телото покажува дека мажот има голем пенис.

Loading...

Не станува збор за раце и нозе, како што многумина мислат.

Рена Малик, гостинка во подкастот на Diary of a CEO, се осврна на мит за големината на машкиот полов орган. И се чини дека тоа не е мит.

 

Denim Jeans on the Table

 

– Има едно јапонско истражување во кое беа вклучени само Јапонци, така што резултатите се донекаде ограничени. Тие ги измериле деловите од телото и должината на пенисот и откриле дека должината на носот е во корелација со должината на пенисот, а не со должината на рацете или нозете“, рече Малик.

Малик не спомна други студии кои го разгледуваа тоа, но вели дека забележала дека сè поголем број нејзини пациенти се сериозно загрижени за должината на нивниот пенис.

Loading...

Многумина од нив купуваат уреди за зголемување на пенисот поради оваа причина.

– Овие апарати постојат, но првенствено се наменети за мажи кои имаат Пејрониеова болест – објасни таа и додаде дека должината на пенисот со овој апарат може да се зголеми за два сантиметри.

 

Assorted Vegetables on the Table

 

Пејрониевата болест е состојба во која фиброзното ткиво се формира во подлабоките ткива под кожата на пенисот, предизвикувајќи болни ерекции, а оваа болест, исто така, може да го направи пенисот пократок додека е во ерекција.

Во секој случај, експертите велат дека мажите не треба премногу да се грижат за должината.

Велат дека повеќето луѓе ја преценуваат големината на просечниот пенис.

Loading...

Д-р Џен Кодл со конкретни мерки се обиде да го урне мотото дека „големината е важна“.

– Просечната големина на опуштен пенис е 9,1 см, а просечната големина на пенис во ерекција е 13,1 см. Дали знаевте? Тоа е всушност пократко отколку што мислам дека многу луѓе би замислиле – изјавила таа.