Кој дел од автомобилот е виновен за најмногу загадување?

Сподели со своите пријатели

Автомобилските гуми се виновни за значително поголемо загадување отколкуиздувите на автомобилот, покажува новото истражување. Поточно, гумите произведуваат 2.000 пати повеќе фини честички од ауспусите на современите автомобили.

Loading...

Експертите предупредуваат дека овој тип на загадување наскоро би можел да стане голем проблем за регулаторите, пренесува Гардијан. Гумите можат да испуштат повеќе од трилион честички помали од 23 нанометри на секој километар. Овие честички се особено опасни бидејќи тешко се откриваат поради нивната микроскопска големина, а преку крвотокот можат да навлезат во внатрешните органи.

 

 

Во моментов нема регулативи за составот на гумите, така што многу од стотиците хемиски соединенија содржат и познати канцерогени. Сите гуми не се подеднакво виновни за оваа ситуација, па некои гуми помалку се лупат, а некои содржат многу помалку опасни соединенија. Научниците тврдат дека е можно значително да се подобри ситуацијата со воведување на неколку евтини промени.

Тие нагласуваат дека целта на истражувањето не е да се спречат луѓето да возат или да се измисли сосема нов тип на гума, туку да се воведат стандарди за квалитет на гумите кои активно ќе се спроведуваат.

 

Loading...