Слободан Праљак е роден во 1945 во Чапљина, пред војната завршил три факултети и бил еден од основачите на ХДЗ, се наведува во биографијата која ја објави Хрватската радио телевизија.
Праљак на Универзитетот во Загреб дипломирал на Електротехничкиот факултет, на Филозофски факултет за филозофија и социологија, а потоа режија на Академијата за театар и филм.
Работел како шеф на лабораторија за алектроника во Техничкото училиште „Никола Тесла“ во Загреб, потоа на вишо школо предавал Основи на електроника, Теориска електротехника и Теорија на атомска регулација. Од 1973 година станал слободен уметник и започнал да режира во театрите во Хрватска и Босна и Херцеговина.
Во одбраната на Суње се вклучил во 1991 година, а во 1993 годиа бил именуван за командант на ХВО.
Како доброволец учествувал во „Бура“ на потегот Хрватска Костањица – Двор на Уна.
На лично барање е пензиониран во 1995 година, а потоа работел како директор, па како претседател на Надозрниот одбор во фабриката „Хромос“.
Праљак со првостепена пресуда на Хашкиот суд е осуден на 20 години затвор, а се терети за воени злочини починети во 1993 година во БиХ.
Судењето за злосторствата зпаочнува во 1993 година во Босна и Херцеговија, а во Хашкиот трибунал во 2006 година, откако сите обвинети сами се предале на судот.
Првостепената пресуда е донесена во 2013 година, а Советот за жалби во Хаг во среда потврди првостепена казна затвор од 20 години.
Праљак денеска на читањето на пресудата испи отров, по што почина.