Исклучете ги електронските уреди додека се во мирување.
Имено, уредите поврзани на интернет како телевизори, принтери и конзоли за игри произведени порано од 2016 година можат да трошат до 80 вати електрична енергија кога не се во употреба.
Можете да користите еден колектор со повеќе приклучоци за лесно да ги исклучите сите.
Исто така, многумина го оставаат полначот во штекерот дури и откако ќе заврши полнењето. И иако тоа може да изгледа попрактично, ние често сме премногу мрзливи да го повлечеме кабелот.
Цената што ја прави самиот полнач не е голема, но постои. Се проценува дека ова троши 1,2 вати дневно.
Дури и кога се исклучени, десктоп компјутерите и лаптопите во заднина работат. Ако не сакате да „крадат“ 96 вати на ден, подобро да ги тргнете од струја. Ако ги држите овие уреди во режим на „stand by“, потрошувачката е уште поголема.
Со притискање на копчето за вклучување, телевизорот се става само во режим на подготвеност.
Само со целосно исклучување може да заштедите пари. Инаку телевизор што не работи троши 24 вати на ден.
Освен телевизорите, малкумина се свесни дека и дигиталните приемници трошат струја бидејќи продолжуваат да примаат сигнали дури и кога телевизорот е исклучен.
Значи, кога ќе го исклучите телевизорот, исклучете го ресиверот, ако го имате посебно.
Додека работи непотребно, дневно троши 22 вати.