Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант сега се бегалци од правдата откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење по нив под сомнение за воени злосторства во Газа.
Иако Израел не го признава авторитетот на МКС и Нетанјаху и Галант нема да се предадат, светот за двајцата сега станува многу помал.
Римскиот статут, договорот со кој е основан МКС, вклучува 124 земји-членки на шест континенти.
Според статутот, земјите кои се дел од МКС се законски обврзани да ги извршат неговите налози за апсење, вели меѓународниот адвокат за човекови права Џонатан Кутаб.
„Законот работи на претпоставка дека луѓето ќе го почитуваат. Така се создаваат сите закони“, изјави Кутаб за Ал Џезира.
„Очекувате сите да го почитуваат законот. Оние кои не го почитуваат, го прекршуваат“.
Тој додаде дека има први знаци дека земјите нема да ја игнорираат одлуката на судот. Многу од сојузниците на Израел – вклучително и Европската унија – ветија дека ќе ги спроведат налозите за апсење, истакна Кутб.
Нетанјаху ги отфрли обвинувањата и ги нарече антисемитски.
Еве список на земји каде Нетанјаху и Галант би можеле да бидат приведени по одлуката на МКС:
Авганистан
Албанија
Андора
Антигва и Барбуда
Аргентина
Ерменија
Австралија
Австрија
Бангладеш
Барбадос
Белгија
Белизе
Бенин
Боливија
Босна и Херцеговина
Боцвана
Бразил
Бугарија
Буркина Фасо
Централноафриканска Република
Црна Гора
Чад
Чиле
Чешка
Демократска Република Конго
Данска
Џибути
Доминика
Доминиканска Република
Еквадор
Ел Салвадор
Естонија
Фиџи
Финска
Франција
Габон
Гамбија
Грузија
Гана
Грција
Гренада
Гватемала
Гвинеја
Гвајана
Хондурас
Хрватска
Источен Тимор
Исланд
Ирска
Италија
Јапонија
Јордан
Јужна Африка
Јужна Кореја
Камбоџа
Канада
Кенија
Кипар
Кирибати
Колумбија
Коморите
Конго
Кукови Острови
Костарика
Латвија
Лесото
Либерија
Лихтенштајн
Литванија
Луксембург
Мадагаскар
Македонија
Малави
Малдиви
Мали
Малта
Маршалските Острови
Маурициус
Мексико
Молдавија
Монголија
Намибија
Науру
Холандија
Нов Зеланд
Нигер
Нигерија
Норвешка
Германија
Брегот на Слоновата Коска
Палестина
Панама
Парагвај
Перу
Полска
Португалија
Романија
Самоа
Сан Марино
Сенегал
Србија
Сејшели
Сиера Леоне
Словачка
Словенија
Суринам
Свети Китс и Невис
Света Луција
Свети Винсент и Гренадини
Шпанија
Шведска
Швајцарија
Таџикистан
Танзанија
Тринидад и Тобаго
Тунис
Унгарија
Уганда
Уругвај
Вануату
Велика Британија
Венецуела
Замбија
Република Кејп Верде