Кои се ТОП 10 најплатените пејачки во светот за 2018. година?

Сподели со своите пријатели

Магазинот „Форбс“ објави листа на 10 најплатени пејачки во 2018. година, а на прво место, по три години се враќа Кети пери и од тронот на симнува Бијонсе.

како што наведува Форбс, 34-годишната Кети пери оваа година заработила 83 милиони долари, односно нешто над милион долари по секој настап. Покрај тоа, наводно била платена и 20 милиони долари за својата улога во емисијата „Американски идло“.

Благодарение на фактот дека албумот „Reputation“ е продаден во два милиони примероци во првите седум дена од објавувањето, Тејлор Свифт според Форбс е на второто место годинава со заработка од 80 милиони долари. Како што додава весникот Сввифт лесно можела да дојде до првото место на листата, но нејзината турнеја е закажана надвор од времето за пресметката за тековната година.

На трето место е Бијонсе, која оваа година објави прв албум со својот маж, Џеј Зи и заработи 60 милиони долари.

„Се исплати да се биде Пинк“ наведува Форбс, додавјќи дека оваа позната пејачка во 2018. година заработила 52 милиони долари.

Со 66 настапи, со филмот „Ѕвездата е родена“ и договор со „Версаче“ и „МАЦ“, лејди Гага годинава заработила 50 милиони долари.

Дека нема намера да ја спречат нејзините 49 години покажала и Џенифер Лопез, која има заработка од 47 милиони долари и е на шесттото место најплатени пејачки.

Светската ѕвезда од Барбадос, Ријана, заработила 37,5 милиони долари, иако не била на турнеја од 2016. година. Форбс наведува дека Ријана своите приходи ги остварила од козметика и долна облека, како и улогата во филмот „Оушн 8“.

Хелена Фишер е побогата за 32 милиони долари, поради феноменалната турнеја на која заработувала по еден милион долари од настап.

Земајќи половина милион долари за вечер во Лас Вегас, а скоро двојно повеќе во арените во Европа, Селин Дион лесно дошла до 31 милион долари, колку што изнесува нејзината заработка за годинава.

На последното 10. место со 30 милиони долари се наоѓа Бритни Спирс.

Leave a Reply