EURONEWS Culture објави листа на најчести имиња во 30 европски земји.
Кога станува збор за земјите-членки на ЕУ, името Ноа е најчестиот избор за новородените момчиња.
На прво место е во шест земји: Германија, Белгија, Холандија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија.
Во Чешка Јакуб е омилен меѓу родителите на момчињата, Норвежаните и Словаците најчесто го избираат името Јакоб, а Јурај е број еден во Грција.
Варијациите како Георги или Георгиос се хит во Бугарија.
Кај девојчињата најчест избор е името Марија.
Повеќе Марија се родени во Бугарија, Кипар, Финска и Португалија отколку во која било друга земја.
Ана-Марија често се споменува во Романија.
Следува Емма, име популарно во Луксембург, Малта и Холандија, и Ема во Словачка, додека Миа е најпопуларното женско име во Хрватска, Естонија и Швајцарија.
Софија е водечкото женско име во Латвија и Литванија.
Подолу е листа на топ 10 најчести имиња за момчиња во Европа:
Лукас
Александар
Оливер / Оливиер
Мухамед
Ноа
Илијас
Матео
Габриел
Даниел, Лиам, Бенџамин
Рајан, Мартин, Дејвид, Лео, Адам, Теодор, Виктор
Листа на 10 најчести имиња за девјчиња во Европа:
Софија
Хана
Марија
Изабела
Амелија
Јасмин
Ема
Емилија
Сара
Елизабет
Податоците се добиени од статистичките заводи на вклучените земји.