На најновата листа за најмоќните пасоши во светот која ја изработува компанијата „Хенли енд партнерс“, која се смета за најмеродавна во светот, првото место го делат Јапонија и Сингапур, додека Македонија се наоѓа на 46то место.
Граѓаните на Јапонија и Сингапур без визи можат да патуваат во 189 земји во светот, а Македонците без виза може да отпатуваат во 123 држави.
Од земјите на Балканот најдобро е рангирана Словенија која се наоѓа на 10то место и чии граѓани без виза можат да патуваат во вкупно 179 земји, зад неа следува Хрватска која е на 20 место (167 држави)
Србија е на 41то место, Црна Гора на 47. (122), БиХ на 51то место со можност за патување без виза во 116 земји, Албанија на 52то (113) држави.
Меѓу првите 10 се Јужна Кореја, Финска, Данска, Германија, Италија, Луксембург, како и франција, Шпанија, Шведска, Велика Британија, САД, Белгија, Канада, Грција, Ирска и Норвешка.
Прв пат по 14 години, откако оваа компанија ја прави листата, Обединетите Арапски Емирати влегоа во првите 20 држави.
На последно место е Авганистан, иако меѓу најслабо рангираните пасоши се и Ирак, Сирија, Пакистан, Сомалија, јемен, Либија, Палестина, непал, Бангладеш, Иран, Судан, Еритреија и Северна Кореја.
Резултатите за листата се базирани од податоците на Меѓуинародната асоцијација за воздушен сообраќај, која одржува најголема и најпрецизна база со целосни патни информации во светот.
Image by jacqueline macou from Pixabay