Кои се можните наследници на Борис Џонсон?

Сподели со своите пријатели

Во рамките на британската конзервативна партија започна трката за наследник на Борис Џонсон, кој се повлече од функцијата премиер и шеф на партијата.

Loading...

Како што јави Би-Би-Си, Том Тугендат е последниот во низата можни наследници, а интерес покажаа и државниот обвинител Суела Браверман и конзервативниот пратеник Стив Бејкер.

Борис Џонсон ќе остане премиер додека не се избере нов партиски лидер.

Многу опозиционери, како и некои конзервативни функционери, се залагаат за итно заминување на Џонсон.

Новиот секретар за образование Џејмс Клеверли изјави дека не се согласува Борис Џонсон веднаш да си замине од функцијата, велејќи дека на Велика Британија не и треба „привремен премиер“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мелони на локалните избори изгуби контрола над еден регион

Но, некои конзервативци, како што е поранешниот премиер Џон Мејџор, велат дека не би било паметно Џонсон да остане на функцијата додека не се избере нов премиер.

Лабуристите, кои се во опозиција, исто така најавија дека ќе се обидат веднаш да го сменат Џонсон со гласање за доверба, но ќе им треба значителна поддршка од конзервативните пратеници.

Трката за нов лидер на Конзервативната партија треба да започне следната недела, а новиот премиер се очекува да ја преземе функцијата во септември.

Loading...

Но, неофицијално, трката веќе започна

Пратеникот и претседател на парламентарната комисија за надворешни работи Том Тугендат ја започна својата кандидатура во авторски текст во Дејли Телеграф, кога вети намалување на даноците и „нова енергија и идеи“ за идната влада.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Првата дама на Бразил го пцуеше Илон Маск: „Не се плашам од тебе...“ (ВИДЕО)

„Јас сум служел на оваа земја порано, еднаш во војска, сега во парламент. Се надевам дека ќе добијам можност повторно да го направам тоа, овој пат како премиер“, изјави Тугендат, кој е познат како гласен критичар на Борис Џонсон.

Државниот обвинител Суела Браверман, исто така, ја потврди нејзината кандидатура, додека пратеникот Стив Бејкер рече дека сериозно размислува да се кандидира по, како што рече, луѓето тоа го барале од него.

Како потенцијални наследници се споменуваат поранешниот министер за здравство Саид Џавид и министерот за транспорт Грант Шапс.

Се споменуваат и имињата на британската министерка за надворешни работи Лиз Трус, поранешниот министер за финансии Риши Сунак и поранешниот министер за надворешни работи Џереми Хант.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шри Ланка доби нова влада