Кои се лидерите на Талибанците? Преживеале американски напади, сега се „владетели“ на Авганистан (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Мавлеви Хаибатулах Акунџада, Мула Абдул Гани Барадар и Мула Мохамад Јакуб – се само дел од талибанските лидеир кои по повлекувањето на американските сили го окупираа Авганистан, пишува Гласот на Америка.

Се вели дека Мавлави Хаибатулах Акунџада е врховниот водач на Талибанците, кој стана по смртта на неговиот претходник Актар Мансур кој загина во американскиот напад со дрон во 2016 година.

Тој претходно беше судија во судскиот систем за време на претходната талибанска администрација во Авганистан, а по американската инвазија во 2001, избега преку границата во Пакистан.

Тој не се појавуваше многу во јавноста и најчесто објавуваше пораки за време на исламските празници.

 

Мула Абдул Гани Барадар е заменик-шеф за политички прашања на Талибанците и еден од коосновачите на групата. Тој исто така избега во Пакистан во 2001 година, а во 2010 година беше уапсен во Карачи во заедничка акција на Американската централна разузнавачка агенција и пакистанските антитерористички сили.

Додека администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп водеше мировни преговори со Талибанците во 2018 година, го убеди Пакистан да го ослободи Барадар.

Потоа го надгледуваше талибанскиот преговарачки тим за време на разговорите во Доха, Катар и се состана со тогашниот државен секретар Мајк Помпео во септември 2020 година.

Барадар во вторникот пристигна во Кандахар со авион, по 20 години се врати во Авганистан.

 

Мула Мохамад Јакуб е син на талибанскиот основач Мула Омар, кој почина во 2013 година. Мула Мохамад Јакуб ги надгледува воените операции на групата и служи како заменик -водач. Акунџада го назначи на таа позиција во мај 2020 година, а претходно беше шеф на талибанската воена комисија задолжена за половина од авганистанските провинции.

Во јунскиот извештај на Обединетите нации се вели дека Јакуб и другите високи лидери, Сираџудин Хакани, се противат на мировните преговори и повикаа на воено решение.

Сираџудин Хакани е водач на мрежата Хакани, милитантна група што САД ја означија како терористичка организација во 2012 година, и организатор на еден од најтешките напади врз американските коалициски сили за време на војната.

 

Хакани е син на основачот на мрежата Хакани – Џалалудина Хакани и еден од замениците водачи на Талибанците.

Американското Министерство за правда понуди награда во износ од 10 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење на Хакани, според Гласот на Америка.

Мавлави Абдул Хаким е член на тврдата струја и близок соработник на Акунџада. Тој го водеше преговарачкиот тим на Талибанците на мировните преговори во Доха, а исто така го предводеше и нивниот правосуден систем, кој беше имплементиран во областите контролирани од групата во Авганистан.