Кои се кандидатите за министри на ЗНАМ?

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги утврди кандидатите за министри во новиот владин кабинет, каде ќе има два ресори.

Loading...

Така, Игор Филков е предложен за кандидат за министер за правда, додека Горан Минчев е кандидат за министер за јавна администрација.

Игор Филков е роден 1979 година во Скопје, Претседавач на Централен Одбор на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, член на Извршен одбор, Приватен сопственик, Управител на „Спектрум Медикал„ Скопје, Надворешен соработник на Проект на ФАО – Канцеларија Скопје (UN Food and Agriculture Organisation), Вработен во локалната канцеларија во Македонија за Косово, Логистика и набавка НВО Солидаритес – Solidarités
International, во период од 1997 – 2002 активист во Студентски Сојуз, Правен Факултет „Јустинијан Први„ Скопје, УКИМ, во период од 2000 – 2002 Активист на Студентски Сојуз, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Остроглава шарка - отровна змија во Македонија (ВИДЕО)

Горан Минчев е роден 1972 година во Скопје, Генерален секретар на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Дипломиран Економист, Универзитетот „Св. Климент Охридски”, поранешен Пратеник во Собранието на Р.М 2008-2014 , Директор на Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија 2003-2006, Заменик директор ЈП Водовод и Канализација – Скопје 2002-2003

Движењето ЗНАМ вчаревечер одржа Централен одбор каде беа донесени и неколку други одлуки, меѓи кои и политичката платформа, стратешките определби, политички начела и утврдени се конкретните програмски определби на Движењето ЗНАСМ за наша Македонија кои ќе бидат составен дел од владината програма.

Основните столбови на кои ќе се темели партиципирањето на Движењето ЗНАМ за наша Македонија во идната Влада :

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Остроглава шарка - отровна змија во Македонија (ВИДЕО)

– Интегрирање во Европската Унија на достоинствен начин, со почитување на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и вековна национална историја, во согласност со критериумите од Копенхаген, на
начин на кој членство обезбедиле сите постојни членки

– Република Македонија како држава што испорачува правда за сите граѓани, која промовира нулта толеранција кон политичкиот криминал, корупцијата и ефикасна борба против организираниот криминал.

Loading...

– Република Македонија како современа, демократска, модерна, европска држава, втемелена на илинденските и на асномските вредности.

– Република Македонија како самоодржлива држава.

– Стабилни меѓуетнички односи како столб на македонската држава.

– Забрзани и ефикасни реформи во економијата и во социјалните политики, во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Остроглава шарка - отровна змија во Македонија (ВИДЕО)

Меѓу другото на средбата е усвоен и извештајот за изборите, донесена е одлука да се формираат нови општински организации на партијата, како и одлука за учевство во Владата.

Никола Ивановски