Кои се двете најопасни жени во Европа? Овие убавици ги бара Интерпол!

Сподели со своите пријатели

Ева Замечинкова од Словачка зазема високо место на листата на најбарани лица на меѓународната полициска организација Интерпол.

Loading...

Исто така, на листата е уште една жена – Тања Гомез од Украина, која е поврзана со тешки кривични дела поврзани со дрога и перење пари.

Потрагата по овие две жени трае веќе подолго време.

Незабележливата цвеќарка Ева се бара бидејќи го нарачала убиството на сопствениот сопруг, но најмениот убиец пријавил се во полиција пред да ја изврши нарачаната работа.

Инаку, Ева и нејзиниот сопруг Лудовит биле во навидум идилична врска. Водела цвеќарница, а сопругот работел во војска.

Набргу по почетокот на врската, тие се преселиле во градот Тренчин.

Меѓутоа, кога сопругот официјално бил испратен во Жилина, врската почнала да „пука“.

 

Loading...

 

Бурен развод и нарачување убиство

На почетокот се чинело дека парот ќе ги испегла разликите, но сето тоа завршило со бурен развод.

Имало и префрлувања, обвинувања дека се изневеруваат…

Ева се посомневала на сопругот дека за време на неговото отсуство во Жилина го придружувале група жени. Лудовит, пак, се посомневал во неверството на жената.

Конфликтот ескалирал во моментот кога се одлучувало за заедничката куќа во Тренчина.

Двојката се договорила Ева да ја задржи, но таа да му се исплати на Лудовит.

Меѓутоа, работата станала уште покомплицирана и Ева решила да најде изнајмен убиец за да го „доврши“ нејзиниот сопруг.

Loading...

Му ветила пари и оружје, го советувала и како на најдобар начин да се „ослободи“ од сопругот.

Според полицискиот извештај, кој бил составен откако платеникот се огласил и дал исказ, се наведува дека Ева го советувала да најде соучесник од кој ќе се ослободи по убиството.

Иако платеникот ветил дека ќе го убие сопругот на Ева, тој веднаш пред егзекуцијата му кажал се на познаник на полицаец и веднаш била отворена истрага.

По опсежна истрага, Ева беше осудена на осум години затвор, но од 2020 година никој не знае каде се крие од правдата.

Украинка се бара за тешки кривични дела

 

Тања Гомез се бара од март 2021 година.

Таа е поврзана со организираниот криминал во Стокхолм и нејзината улога била да доставува и транспортира големи количества наркотици и пари.

Loading...

Била вклучена и во зделки со бездомни животни и можеби вклучена во мрежа на нередовно поседување и транспортирање животни во странство.