Кои се Британците и Мароканецот кои руските сепаратисти од Донбас ги осудија на смрт

Сподели со своите пријатели

Рускиот суд ги осуди Мароканците Брахим Саудун и двајцата британски државјани, Ајден Аслин и Шон Пинера, на смрт поради борби на украинската страна.

Loading...

Рускиот суд ги обвинува дека се дел од армија составена од „странски платеници“.

Тие се обвинети и за обид за преземање на власта со сила и обука за извршување терористички активности.

Сепак, нивните семејства инсистираат дека тие всушност со години се борат на страната на украинската армија и дека не биле платени за војната.

Инаку, овој суд не е официјална руска институција ниту е меѓународно признат, а се наоѓа во самопрогласената Доњецка Народна Република.

Затоа британската влада се обидува да изврши дипломатски притисок врз Русија, како и шефицата на дипломатијата на таа земја, Лиз Трас, која секојдневно апелира дека ваквото судење е кршење на човековите права.

„Тие се воени заробеници. Ова е лажна пресуда без никаков легитимитет“, посочи Трас.

 

Loading...

 

Пресудата се чекаше мирно

Сепак, британските војници достоинствено ја чекаа пресудата на судењето, што репортерот на Би-Би-Си, Џо Инвуд, кој е присутен во судницата, ја опиша како „прилично мизерна“.

„Ваквите судења ги ставаат интересите на пропагандата над законот и моралот и ги поткопуваат механизмите за размена на воени заробеници“, рече новинарот.

Тој додава дека обвинетите биле облечени во црно, дека стоеле во кафез во судницата и внимателно слушале додека им се читале казните.

Додека Аслин и Пинер стоеја неподвижни со наведнати глави, меѓу нив, Брахим нервозно се нишаше од страна на страна.

Руската државна агенција Интерфакс ја пренесе изјавата на претседателот на судскиот совет Александар Никулин, кој рече дека при донесувањето на пресудата, судот се водел не само од пропишаните норми и правила, туку и од главниот, неприкосновен принцип на правдата.

Како се заробени?

Британците два месеци се во руски затвор, а биле заробени во средината на април во Мариупол, кој во мај целосно падна во рацете на руската армија.

Loading...

Пинер и Аслин потоа се појавија во две одделни снимки емитувани од Русија, барајќи да бидат разменети со проруски политичар кој бил приведен во Украина.

Британското Министерство за надворешни работи тогаш го повика Кремљ хумано да се однесува кон затворениците.

Во две снимки, Аслин и Пинер директно му се обраќаат на британскиот премиер Борис Џонсон, барајќи да бидат разменети за про-кремљскиот политичарот Виктор Медведчук, кој претходно беше уапсен во Украина, а се појави и на снимката објавена од украинската разузнавачка служба.

 

 

Медведчук побара да биде разменет за украински борци кои во тоа време сè уште беа во опколениот пристанишен град Мариупол.

Кои се тие?

Според западните медиуми, ниту еден од осудените не дошол во Украина за време на војната, туку таму живее подолго време.

Loading...

И двајцата Британци се бореле за украинската армија со години пред руската инвазија и треба да бидат заштитени како активни војници со Женевската конвенција за воени затвореници.

Исто така, Мароканецот Саудун со години живее и студира во Киев.

Пинер, роден во Њујорк, е поранешен вработен во дом за стари лица, кој се приклучил на украинските вооружени сили како маринец во 2018 година, а потоа побарал државјанство.

Покрај тоа, неговата сопруга е Украинка и живеат заедно во Николаев.

Во моментот на апсењето сè уште бил во сила неговиот тригодишен договор со украинската армија, кој бил на рок до следната година, по што планирал да остане во земјата и да се занимава со хуманитарна работа.

Од друга страна, Аслин добил украинско државјанство по три години стаж во армијата.

Loading...

Како што самиот признава, за украинската армија првпат се заинтересирал по протестите на Мајдан, бранот демонстрации и граѓански немири во таа земја на крајот на 2014 година.

Тој претходно се борел во Сирија на страната на курдските вооружени единици против таканаречената Исламска држава.

Младиот маж планирал во блиска иднина да земе заем за стан во кој ќе се всели кај неговата девојка, но сега тоа е суспендирано.