Кои држави најмногу трошат на спорт?

Сподели со своите пријатели

Луксембург е земја-членка на ЕУ што троши најмногу пари за спортска рекреација на своите граѓани по глава на жител, дури 492 €, додека Хрватска и Бугарија со 13 и 16 евра по лице, се земји со најмали издатоци за рекреативни содржини за своите граѓани, соопшти Евростат.

Loading...

На почетокот на Европската недела на спорт, Канцеларијата за статистика на ЕУ изјави дека бројките за 2017 година укажуваат дека земјите од ЕУ, локалните власти и социјалните системи потрошиле вкупно 51,3 милијарди евра за рекреација и спорт.

Во однос на трошењето на спортски активности во однос на процентот на бруто домашниот производ, Унгарија е на врвот на табелата со 2,5 проценти од БДП.

Според овој метод, Хрватска е на дното на табелата, бидејќи за рекреација издвојува околу 0,2 проценти од бруто домашниот производ.

Земјите најистакнати во Еврозоната за организирање спортски активности се, како и претходните години, скандинавските земји и земјите од Бенелукс.

Само три земји издвоиле над 200 евра по жител – Луксембург, Шведска и Финска.

Leave a Reply