Без електрична енергија во текот на денешниот ден ќе бидат дел од улицата „Никола Тесла“, како и дел од населбата Карпош и село Черкезе, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Прекините ќе бидат во временски интервал од 08:00 до 15:00 часот.
Во текот на утрешниот ден прекини во истиот перииод се најавени за дел од Поторк Серава и улицата „Бајрам Шабани“. Додека пак во период од 08:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат домаќинствата кои се наоѓаат на дел од улиците „Карл Маркс“, „Владимир Назор“ „Трст“ и „Пролетерска Бригада“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во мрежата.