Кога започнале да се вкрстуваат луѓето и неандерталците? Научниците дојдоа до ново објаснување!

Сподели со своите пријатели

Откако неодамна пронашле докази дека Неандерталците и луѓето влегувале во сексуални односи, научниците истражувале кога тие за првпат станале толку блиски.

Loading...

Научниците од Институтот за еволутивна антропологија Макс Планк во Германија открија дека првите сексуални односи меѓу неандерталците и луѓето се случиле 60.000 години порано отколку што се сметало претходно.

– Откривме траги на антички гени на современи луѓе кај нивните предци неандерталец од Сибир, што укажува на тоа дека раните современи луѓе ја напуштиле Африка некаде во тоа време – изјави Серхио Кастелано од институтот Макс Планк.

 

 

Меѓународен тим научници пронашле траги од човечки гени со анализа на геномот на неандерталецот пронајден во пештера на планините Алтај во Сибир.

Студијата, објавена во средата во списанието „Природа“, содржи две изненадувачки информации.

Loading...

Едната е дека првата сексуална врска помеѓу двата вида се случила пред 100.000 години или 60.000 години порано отколку што било претходно познато. Но, тоа не би било можно ако некои современи луѓе не мигрирале од Африка десетици илјади години порано отколку што е општо прифатено.

 

 

– Современиот човек кој влијаел на гените на Алтајскиот неандерталец морал да дошол од група која ја напуштила Африка многу пред луѓето што ги населувале Европа и Азија – рече Кастелано.

Но, авторите на студијата малку знаат за овие рани патници.

– Знаеме дека тие се одделиле од татковината во Африка релативно рано и дека нивната сексуална репродукција со неандерталците започнала пред 100 илјади години. Ова е прва генетска трага на современиот човек надвор од Африка – нагласува Кастелано, но исто така забележува дека ова е индиректен доказ бидејќи остатоците на тие луѓе не се пронајдени.

 

Loading...

 

Најстариот фосил на хомосапиенс во Европа е стар 45.000 години.

Leave a Reply