Добрата музика, танцувањето и прскалките биле составен дел од веселбата.
Меѓутоа, работата излегла од контрола кога еден од гостите, видно пијан, за малку ќе направел пожар и ќе ја расипел венчавката на младенците.
На Твитер се појави видео на кое се гледа како човек по име Грег среќно танцува со прскалки во рака, додека другите гости плескаат и го бодрат за да продолжи да танцува..
Очигледно, после неколку пијачки, Грег се опуштил и уживал во атмосферата, што не ни забележал кога ја испуштил прскалката врз вештачкото цвеќе, кое набрзо се запалило.
Иако сите други извикуваа „Оган! Оган!“, Грег сепак продолжи да потпевнува, а потоа многу мирно со раката ги фрли запалените цвеќиња на подот. Некои од гостите дошле со вода да го изгаснат пожарот. Сепак, Грег имаше подобар такт. Сè уште танцувајќи во ритамот на музиката, го изгаснал огнот со нога, а потоа продолжил како ништо да не се случило.