Повеќе од 500 членови од едно кинеско семејство позираа за заедничка фотогрфија. На фотографијата е семејството Рен, кое се собра на едно место во селото Шиши, во источната кинеска провинција Жеџианг.
Собирањето беше одржано минатата недела, за време на прославата на Нова Година, а тој празник обично се одбележува со собирање на семејствата на заеднички оброци.