Кога Илон Маск би донирал 2% од своето богатство во светот би немало гладни луѓе

Сподели со своите пријатели

Мала група екстремно богати поединци би можеле да помогнат во решавањето на гладот ​​во светот со само мал дел од нивното богатство, вели директорот на Светската програма за храна на Обединетите нации, Дејвид Бисли.

Loading...

Тој особено се осврна на двајцата најбогати, а тоа се Илон Маск и Џеф Безос, нагласувајќи дека Маск со само 2% од своето лично богатство може да го реши проблемот со гладта на планетата.

„Шест милијарди долари за помош на 42 милиони луѓе кои буквално ќе умрат ако не стигнеме до нив. Не е комплицирано“, додаде тој.

 

 

Маск стана побогат за 36 милијарди долари за еден ден

Вчера одекна веста дека компанијата на Маск, Тесла стана една од шесте компании во САД вредни повеќе од милијарда долари.

Loading...

Поради ова, Маск за само еден ден стана побогат за дури 36 милијарди долари.

Сето ова се случи откако компанијата за изнајмување автомобили Херц нарача 100.000 автомобили на Тесла.

Извршниот директор на „Тесла“ има нето вредност од речиси 289 милијарди долари, наведува Блумберг, што значи дека Бисли „бара“ донација од само 2 отсто од таа сума, пресметале американските медиуми.

Илон Маск се уште не се огласил на оваа тема на своите друштвени мрежи, иако е познато дека Маск дели многу свои размислувања со своите следбеници.

 

 

161 милион повеќе гладни

Loading...

Да потсетиме, гладот ​​во светот е се поприсутен, особено со епидемијата на коронавирус.

Многумина останаа без работа, а поскапувањата се широко распространети во светот.

Според извештајот на пет организации на ОН, ситуацијата се влошила и тоа е „повик за тревога“.

„Ако ова не е итен повик, тогаш не знам што е. Споредено со минатиот извештај, сега имаме 161 милион повеќе гладни! Ако гладот ​​во светот не е проблем број еден, тогаш не знам што е“, изјави неодамна Дејвид Бисли.