Во денешно време, луѓето кои се во потрага по среќа и љубов мора да се послужат и со интернет. Многумина се надеваат дека токму на социјалните мрежи ќе ја пронајдат сродната душа.
На Фејсбук има доста групи во кои можете да се обидете да пронајдете апртнер така што ќе оставите љубовен оглас. Така еден човек, инаку од Хрватска, а живее и работи во Германија, одлучил да побара љубов.
„Барам девојка. Жена. Имам барио. Пари. За живот во Германија. Молам само млади и згодни. Инбокс. Не треба да работи, јас ќе се погрижам за се. Само љубов!“

На Фејсбук потоа се шири и слика од оглас по други различни страни, а коментарите сами се редат.
Има и такви кои му се смеат и не престануваат со шегите, но и оние кои рекле дека во целост го разбираат.
Освен него, се истакнува уште еден маж кој се обраќа на жените во стихови.
„Те барам убава жено. Имам џип, имам пари, само те немам тебе да ти остварам соништата“, напишал.


