Кога ергенската забава ќе тргне наопаку – паника поради лажни терористи

Сподели со своите пријатели

Ергенската забава во северна Италија заврши со обвинение за „вознемирување на јавноста“ против девет мажи кои се преправале дека се терористи со намера да го киднапираат младоженецот.

Loading...

Младоженецот, несвесен дека е предмет на несакана шега, во саботата во предградието на Торино бил затвореен од пријатели вооружени со пиштоли, облечени во црни шлемови и фантомки, го натовариле во комбе и со голема брзина се оддалечиле.

Сепак, идејата за лажно киднапирање не одела според планираното.

Пријателите на младоженецот наводно се преправале дека се терористи на Исламската држава, поради што полицијата веднаш примила голем број повици од вознемирени граѓани и тргнала во акција, а лондонски „Гардијан“ објавил дека постар човек се онесвестил додека го гледал настанот од неговиот прозорец.

Полицијата поставила контролни пунктови низ градот и покренала потера по „киднаперите“ и затвореникот.

Комбето било пронајдено пред куќата на еден од мажите, а младоженецот кој сѐ уште бил во возилото сѐ уште не знаел дека сето тоа е шега на неговите пријатели.

Полицијата запленила лажно оружје, шлемови, фантомки и облека со ознаки на Исламската држава и поднела тужба за вознемирување на јавноста против учесниците во оваа необична местенка, пренесува Танјуг.