Коалата што предизвикала судир на пет автомобили при обид да го помине автопатот со шест ленти во Аделаид, била спасена.
Неколку лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа.
Надија, жената што ја спасила коалата, рече дека излегла од автомобилот за да открие што предизвикало застој во сообраќајот. Таа видела животно кое не можело да продолжи поради бетонската ограда помеѓу лентите. Таа замавнала со палтото над неа за да ја фати.
„Коалата не била повредена на кој било начин“, рекла спасувачката, која го сместила збунетото животно во багажникот и се упатила до бензинската пумпа за да им го предаде животното на спасувачите на дивиот свет.
Во меѓувреме, коалата успеала да се искачи од багажникот во кабината на автомобилот.
“Таа дојде кај мене, па реков – Добро, остани овде. Ќе излезам”, рече жената и додаде дека некое време коалата седела зад воланот како да сака да каже дека сака да се провози.
WATCH: This is the curious koala at the centre of this morning’s peak hour chaos on the South Eastern Freeway.
The furry local sparked a multi-car pile-up before a motorist managed to scoop it up and take it to safety.
See the full story, 6.00pm on #9News pic.twitter.com/pUREXJ43Jf
— 9News Adelaide (@9NewsAdel) February 8, 2021
Жената рекла дека живее во близина на шумата со еукалиптус и дека за време на претходните искуства научила дека коалите треба да ги покриваат очите за да се смират.
Таа изјави дека претходно повикувала спасувачи на диви животни затоа што наишла на коали кои биле повредени во конфликти со други животни.
Коалата подоцна била пуштена во шумата, далеку од автопатот.