Со почеток во 18 часот вечерва во малата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев” Куманово, ќе се одржи Книжевна вечер со Катарина Јовчевска.
Со овој проект се заокружува низата проекти од годишната литературна програма за 2022 година, одобрени од Министерство за култура. Со овој настан воедно го одбележуваме и празникот на градот 11 Ноември, информираат од установата.
Катарина Јовчевска е родена 1977 година во Малме, Шведска, основно и средно образование завршила во Куманово, каде и денес живее и твори.
Книжевната вечер ќе биде исполнета со презентација, промоција и популаризација на три книги од авторката: „Заробеник во сопствениот живот”, „Живеј го животот со восхит”, и збирка поезија на англиски јазик „Something like love”.
Оливера Трајковска е промотор а воедно и модератор на настанот.