Клучниот човек на Си оди во Америка? Кина подготвена да „одржи комуникација“ со САД

Сподели со своите пријатели

Кина денеска објави дека е „подготвена да одржува комуникација“ со Соединетите Американски Држави за можноста за посета на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Вашингтон.

Loading...

Кинеското Министерство за надворешни работи не соопшти повеќе детали, пренесува Ројтерс.

Американскиот Стејт департмент претходно оваа недела објави дека САД официјално го поканиле новоименуваниот министер за надворешни работи на Кина да го посети Вашингтон.

„Поканата до Ванг беше упатена во понеделникот за време на состанокот во Стејт департментот меѓу американскиот помошник државен секретар за Источна Азија и Пацификот Даниел Критенбринк и Јанг Тао, генерален директор за северноамерикански и океански прашања во кинеското Министерство за надворешни работи“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Кина го назначи Ванг за министер за надворешни работи минатата недела, откако Чин Ганг, кој не е виден во јавноста повеќе од еден месец, беше сменет од функцијата.