Лос Анџелес клиперс се заинтересирани за плејмејкерот на Лос Анџелес лејкерс Раџон Рондо.
Loading...
Според новинарот на „Њујорк тајмс“ Марк Штајн, Клиперс ќе му понуди во ноември договор на 34-годишниот кошаркар откако ќе се отвори пазарот за слободни играчи.
Претходно, самиот Рондо објави дека нема да ја активира опцијата да го продолжи договорот со Лејкерс за сезоната 2020/21.
Објавено е дека „езерата“ сакаат да го задржат кошаркарот, но Клиперс се подготвени да му дадат подобра финансиската понуда.
Во сезоната 2019/20, Рондо имаше просек од 7,1 поен и пет асистенции за Лејкерси.
Зоран Стерјовски